Велат дека тоа е само љубов во коските.
Некој чуден мит што те исправува. Песна што ја пееш сам.
Жена-вдовица што чека правда. Бесмртен идеал што не го стигаш.
Недовршено писмо што гориш да го допишеш и да го продолжиш.
Света задача што не ти тежи, туку тe носи во друга димензија на постоењето.
Македонија е состојба на душата што не се објаснува, ниту се докажува, Македонија се живее!
Павел Донески


