Анализа на победничкиот говор на Барак Обама од 2008 година

После победата на американските претседателски избори во 2008 година, новоизбраниот претседател Барак Обама го одржува својот победнички говор во Грант Парк, во неговиот роден град Чикаго, Илиноис, на 4ти ноември 2008, пред околу 240,000 симпатизери.
Гледан на телевизија и на Интернет од милиони луѓе ширум светот, говорот на Обама се фокусира на главните предизвици кои ги засегаат САД и светот, кои одекнуваат преку неговиот слоган во камањата за промена.

Семејството Обама на подиумот: Барак, Саша, Малија и Мишел Обама

Референци и повикувања во говорот

Говорот има значајни спомнувања и повикувања на инаугуративните обраќања на поранешните претседатели Џон Ф. Кенеди и Абрахам Линколн, а исто така и на некои говори од Мартин Лутер Кинг Јуниор.

Навраќајќи се на „Бев на врвот од планината“, обраќање од Мартин Лутер Кинг, Обама изјавува: „…но вечерва, поради она што го направивме на овој ден, на овие избори, во овој пресуден моемнт, промените се случуваат во Америка.“ и „Патот пред нас е долг. Нашето патешествие ќе биде тешко. Можеби нема да стигнеме таму за една година или за еден мандат, но никогаш не сум имал повеќе надеж од денес дека Америка ќе стигне таму.“

Во еден друг дел од говорот тој повторно се навраќа на д-р Кинг кога зборува за „сводот на историјата“, фраза која Кинг ја употребувал честопати, особено после маршевите од Селма до Монтгомери, велејќи: „сводот на моралниот универзум е долг, но се свива накај правдата.“
Обама директно го цитира инаугуративното обраќање на Абрахам Линколн, велејќи: „Како што и Линколн ѝ се обрати на нација која беше многу поразединета од нашата: Не сме непријатели, туку пријатели.. иако страста ги напна, не смее да ги раскине врските на наклоност.“

Тој се навраќа и на популарното Гетисбуршко обраќање велејќи: „дека и повеќе од две столетија подоцна, владата на народот, од народот и за народот, не исчезнала од лицето на Земјата.“

Обама прокламира: „се очекуваше долго време, но…промените дојдоа во Америка.“ како алузија на песната на Сем Кук: Ќе дојде промена (A Change Is Gonna Come).

Главни теми во говорот

Обама зборува за главните предизвици со кои се соочуват САД во тоа време, помеѓу нив економијата, Војната во Ирак и почетокот на глобалното затоплување:
„Додека стоиме тука, знаеме дека има храбри Американци кои ги ризикуваат своите животи за нас. Има родители кои ќе бидат будни долго откако ќе заспијат нивните деца и ќе се прашуваат како ќе ја исплатат хипотеката, сметките за здравство или како ќе заштедат за колеџ.“

За економската криза:
„Да запомнеме дека, ако оваа финансиска криза нè научи нешто, тоа е дека Вол стрит не може да биде успешна, додека страдаат малите градови..“

Пораката за пријателите и непријателите на Америка:
„До сите оние што сакат да го разорат светот — ќе ве поразиме. До оние што бараат мир и сигурност — ќе ве поддржиме. До сите оние што се прашуваат дали Американскиот факел сè уште гори силно — вечерва уште еднаш докажавме дека вистинската сила на нашата нација не доаѓа од моќта на нашите оружја или од големината на нашето богатство, туку од истрајната моќ на нашите идеали: демократија, слобода, можност и непопустлива надеж.“

Надоаѓањето на новата енергетска криза:
„Има нова енергија која може да се ползува, нови работни места кои ќе се отворат, нови училишта кои ќе се изградат, закани со кои ќе се соочиме и пријателства кои треба да се обноват.“

До иднината на Америка и Американците:
„Ова е нашето време — да ги вратиме нашите луѓе на работа и да ги отвориме вратите на можноста за нашите деца, да го вратиме просперитетот и да ја промовираме каузата на мирот, да го вратиме американскиот сон и да ја потврдиме фундаменталната вистина — дека меѓу мноштво сме единствени, дека додека дишеме се надеваме, онаму каде што сме пресретнати со циничност и сомнеж и на оние кои ни кажуват дека не можеме, да им одовориме со безвременото кредо кое го сумира духот на луѓето: Да, можеме.“

Ричард Нордквист, професор по англиски јазик и реторика на Армстронг Атлантик Универзитетот, ја објаснува тајната на успешниот говор на Барак Обама. Тој вели: „Тајната на Барак Обама или еден дел од неа е магичниот број три. Во реторското изразување, тоа е триколон: серија на три паралелни зборови, фрази или реченици. Зборови како „живот, слобода и потрага по среќа.“ Фрази како влада на народот, од народот, за народот.“

Победничкиот говор на Обама беше преполн со триколони, како што е наведено и во овие извадоци:

„…(1) некој кој се сомнева дека Америка е местото каде сите нешта се возможни; (2) кој сè уште се прашува дали сонот на нашите татковци е жив во нашето време; (3) кој сè уште се сомнева во моќта на нашата демократија, вечерва е вашиот одговор.“

„Ова е одговорот што ги наведе оние на кои толку долго им се кажуваше дека треба да бидат (1) цинични, (2) плашливи и (3) скептични околу тоа што можеме да постигнеме, најпосле да ги стават рацете на сводот од историјата и да го обликуваат со надеж за подобро утре.“

„Ова се очекуваше долго време, но вечерва, поради она што го направивме (1) на овој ден, (2) на овие избори, (3) во овој пресуден момент, промените дојдоа во Америка.“

Заклучок

Во неговиот говор, Обама ги рефлектира тешките времиња на кампањата и на предизвиците со кои ќе се соочи Америка. Телевизискиот пренос на говорот ги покажува познатиот борец за човекови права Џеси Џексон и популарната водителка Опра Винфри како плачат во публиката. Барак Обама е првиот избран претседател кој позитивно ги спомнува Американците со геј определба.

Грант парк била локација на многу протести на Демократската национална конвенција во 1968 година, кои биле значајни за прекин на насилствата, немирите и полициската бруталност. CNN забележува: „Историјата му даде на Грант парк, уште една шанса во вторник, како место на мирољубива и радосна прослава на победата на Барак Обама”. Говорот на Обама бил пофален затоа што „ја имал ретката способност да ги култивира нештата кои се заеднички за сите човечки суштества, без оглед на вештачките и произволни поделби”.

Говорот на Барак Обама од 4-ти ноември 2008 година е пример за елоквенција, алузија и контрасти. Како и секој (американски) победнички говор, тој се движи од локални освојувања до национален триумф, мошне лукаво ширејќи се низ американскиот простор и време. Во реторичка смисла, неговиот говор е особен „доказ“ за залечување на раните преку поврзување на луѓето, давајќи им чувство дека во тоа сите се заедно.

Прво, тој се движи низ луѓето — млади и стари, богати и сиромашни, геј и стрејт. Потоа, се движи низ државата — од дворовите во Де Мојне, дневните соби во Конкорд — завршувајќи на начин како во Гетисбуршкото обраќање, со Земјата: „..од милионите Американци кои волонтираа, организираа и докажаа дека и повеќе од две столетија подоцна, владата на народот, од народот и за народот, не исчезнала од лицето на Земјата.“

И за крај се движи и низ времето, употребувајќи епски писателски трик за хероина стара еден век. Ен Никсон Купер, на 106 години, гласала во Атланта. Завршувајќи ја секоја посведочена декада на Ен Никсон Купер, Обама приложува едно тивко: Да, можеме (Yes, we can). Овие едноставни, но моќни зборови инспирираа една генерација, обединија заедница и променија една нација.

Discover more from Pavel Doneski

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading