Тревата кај Англичаните е постојано зелена бидејќи грижливо и макотрпно ја уредуваат во изминатите 200 години. Македонската медиумска трева, како основа за слободно и демократско општество ја „избербати“ кој стигна и како стигна, па оттаму и состојбите со медиумите ни се такви какви што ни се…
И едните и другите континуирано и систематски ги уништуваа и еродираа слободите во новинарството и говорот воопшто, а денес на Светскиот ден на слободата на медиумите со полни усти, бесрамно говорат и честитаат за некакво слободно новинарство.

Честитките треба да одат кон медиумските работници кои цели 30 години секојднево се среќаваат со алчните, корумпирани и силеџиски политичари чие его е поголемо од нивниот капацитет за размислување поинаку од „официјалната матрица“ на партијата.

