Од книгата „Мисли и збогати се“ на авторот Наполеон Хил:

- Јас имам способност да ја остварам мојата цел во животот. Од себе барам упорна и континуирана активност која ме води кон остварување на таа цел, па овде и сега ветувам дека ќе се придржувам до тоа.
- Сфатив дека мислите кои доминираат во мојот ум се претвораат во надворешна, физичка акција, и постепено се трансформираат во физичка реалност. Затоа ги насочувам своите мисли и си давам задача за тоа каков сакам да бидам, со тоа што си создавам јасна ментална слика во мојата свест.
- Знам дека со принципот на автосугестија секоја огнена желба која упорно ја негувам во мојата свест, конечно наоѓа практичен израз и начин на остварување на целта што стои зад неа. Посветувам десет минути секој ден во развивање на мојата самодоверба.
- Описот на мојата крајна цел во животот е конкретен, и продолжувам да се обидувам сѐ додека не стекнам доволно самодоверба за остварување на таа цел.
- Сосема сфаќам дека ниедно богатство, ниту позиција не траат долго ако не се создадени врз основа на вистината и правдата. Затоа нема да се ангажирам во ништо што не им носи добро на сите вклучени. Успевам затоа што ги привлеков силите кои ми требаат, како и соработката со другите луѓе. Ги наведов другите да ми служат, затоа што и јас служам на другите.
Ја елиминирам омразата, зависта, љубомората, себичноста и цинизмот, развивам љубов кон целото човештво, затоа што знам дека само позитивниот став ми носи успех. Постигнувам другите да веруваат во мене, затоа што и јас верувам во нив, како и во самиот себе. Оваа формула ја повторувам гласно еднаш дневно, со полна верба дека влијае врз моите мисли и постапки, и дека така станувам успешна личност и исполнет со самодоверба.
„Сѐ што човечкиот ум може да замисли и сѐ во што може да поверува може и да го оствари.“
„За нашата свест не постојат никакви ограничувања освен оние кои самите ги признаваме.“
„И сиромаштијата и богатството се производ на размислувањето.“
„Секоја незгода, секој неуспех и секоја болка во срцето, го носат семето на иста или уште поголема корист.“

